Инфлацијата во Кина достигна 2,8 отсто, највисока во последните две години

10

Инфлацијата во Кина, мерена со индексот на потрошувачките цени, се зголеми во септември со најбрзо темпо во повеќе од две години, поттикната од скокот на цените на свинското месо, објави Националното биро за статистика (НБС).

Индексот на потрошувачките цени минатиот месец се зголеми за 2,8 отсто на годишно ниво, што одговара на прогнозите на економистите во анкетата на Ројтерс.

Ова е највисоката стапка на инфлација од април 2020 година, кога достигна 3,3 отсто на годишно ниво, покажуваат податоците на специјализираниот портал Wind Information.

Значителен дел од зголемувањето на инфлацијата се припишува на континуираното поскапување на свинското месо, чии цени скокнаа за 36 отсто за една година, најмногу од август 2020 година, покажуваат податоците на Винда.

Базичната инфлација, која ги исклучува цените на храната и енергијата, се зголеми за само 0,6 отсто на годишно ниво во септември, што е најбавно темпо од март 2021 година.

Што се однесува до цените на производителите во Кина, тие се зголемија за 0,9 отсто минатиот месец во однос на претходната година, нешто помалку од прогнозата за 1,0 отсто во анкетата на Ројтерс.