Инфлацијата во Русија годинава би можела да достигне 20 отсто

73

Инфлацијата во Русија на крајот на оваа година би можела да достигне 20 отсто, изјави шефот на руската комора на сметководители, Алексеј Кудрин, пренесуваат руските медиуми.

-Најверојатно ќе дојде до 20 проценти, можеби 17 до 20 проценти, некаде во тој опсег, рече Кудрин, поднесувајќи извештај за работата во 2021 година до Советот на Федерацијата во средата.

Руската централна банка (Банката на Русија) и Министерството за економски развој се очекува во април да ги презентираат новите прогнози. Според истражувањето на аналитичарите спроведено од Банката на Русија на почетокот на март, годишната инфлација во декември оваа година ќе биде 20 отсто, следната година осум, а во 2024 година ќе забави на 4,8 отсто.

Според руската државна статистичка агенција Росстат, инфлацијата во Русија во март се забрза на 7,61 отсто на месечно ниво, од 1,17 отсто во февруари, на 16,69 отсто на годишно ниво, од 9,15 отсто еден месец претходно.

Месечната стапка на инфлација од 7,61 отсто во март е највисока од јануари 1999 година, кога беше 8,38 отсто.