Инфлацијата во Русија во октомври 12,7 отсто

87

Инфлацијата во Русија во октомври изнесува 12,7 отсто на годишна основа, покажуваат податоците на Министерството за економија и Росстат. Инфлацијата е шести по ред забавува и во однос на септември таа падна за 0,9 отсто, од 13,6 отсто. Во април се забележани максимални 17,8 отсто.

Поскапуваат шеќерот, чајот, јајцата, сирењето, путерот, маргаринот, пастеризираното млеко, зелката, свинското, храната за бебиња и лековите, додека лебот, компирите, говедското, јагнешкото, пилешкото, колбасите, рибата, морковот и пастата за заби паднаa во цените. Истовремено, невработеноста во септември порасна на 3,9 отсто од 3,8 отсто во август, пренесува Комерсант.

Кај непрехранбените производи поскапеа мобилните телефони, цигари, патики, чорапи, маици, четки за заби и тоалетна хартија, а поевтинија телевизорите, дизелот, бензинот и алкохолот.

Според Министерството за економија, цените во сегментот прехранбени производи пораснале за 0,17 отсто поради сезонскиот пораст на цените на овошјето и зеленчукот, а на непрехранбените производи останале непроменети. Паднаа цените на хотелските услуги и на авионскиот превоз, како и цените во туризмот воопшто.