Инфлацијата во САД би требало до крајот на годината да се спушти од сегашното зголемено ниво паралелно со нормализирање на состојбата со снабдување, изјавила американската министерка за финансии, Џенет Јелен.
“Економијата закрепнува со неизедначен ритам во процесот на отворање по повеќемесечните ограничувања за да се спречи ширење на коронавирусот“, рекла Јелен.
Таа смета дека инфлацијата и понатаму ќе биде 5%, како и во мај, а по нејзина проценка до крајот на оваа или на почетокот на следната година ќе биде околу 2%.
Поголемиот дел од показателите за очекуваната инфлација по 2022-ра година сигнализираат дека ќе се приближи на ниво од 2%, колку што проектира и американската централна банка.
Како причина за зголемување на инфлацијата, според министерката, е застојот во снабдувањето оваа пролет.
Фото: Pexels