Инфлацијата во САД е највисока од 1990 година

40

По вчерашните податоци за инфлацијата, кои покажаа највисока стапка на раст на цените од крајот на 1990 година, се огласи и американскиот претседател Џо Бајден. За прв пат мораше јавно да признае дека инфлацијата станува сериозен проблем.

Тој го прогласи запирањето на инфлацијата за „највисок приоритет“ бидејќи растечките цени ги погодуваат паричниците на повеќето Американци.

„Дадов наредба до мојот Национален економски совет да најде начин да ги намали тие трошоци и побарав од Федералната трговска комисија да спречи каква било манипулација на пазарот или местење на цените“, рече Бајден.

Инфлацијата во Соединетите Држави, мерна преку порастот на потрошувачките цени, скокна на 6,2 отсто во октомври во однос на истиот месец во 2020 година, на највисокото ниво од декември 1990 година, објави Министерството за труд.