Забрзаниот раст на цените во САД би можеле да ја поттикнат централната банка да ја подигне каматната стапка порано од очекуваното, а резултатите би биле построги услови за финансирање во целиот свет, предупредува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Изгледите за светската економија и понатаму се неизвесни, поради состојбата со пандемијата и вакцинирањето против коронавирусот.
“Иако продолжената буџетска поддршка во одредени развиени земји, вклучувајќи ги САД, се користеа за раст, таа би можела дополнително да го зголеми инфлаторниот притисок“, предупредува ММФ.
Бидејќи цените во САД растеле низ подолг временски период, централната банка можеби ќе мора да ја заостри монетарната политика порано од очекуваното, што посебно тешко би ги погодила економиите во развој.
Подигнување на каматните стапки во САД би можело да доведе до нагло заострување на условите за финансирање во светот и до значајно одлевање на капитал од економиите во развој.
Останатите земји се соочуваат со раст на цените на суровините и храната, коишто се на највисоко ниво од 2014 година, тоа за милиони луѓе значи опасност поради отежнат пристап до храна.
Фото: Pexels