Инфлацијата во САД расте, Волстрит паѓа

На Волстрит, берзанските индекси паднаа во средата, бидејќи инфлацијата во САД порасна повеќе од очекуваното во јануари, што го прави сè поверојатно дека централната банка нема да брза со намалување на каматните стапки.

Dow Jones падна за 0,50 отсто, на 44.368 поени, а S&P 500 падна за 0,27 отсто, на 6.051 поен. Индексот Nasdaq, пак, порасна за 0,03 отсто, на 19.649 поени.

Инвеститорите беа предупредени од извештајот кој покажува дека потрошувачките цени во јануари пораснале за 0,5 отсто месечно, повеќе од очекуваните 0,3 отсто, со што годишната инфлација достигна три отсто.

Базичната стапка на инфлација, без цените на енергијата и храната, достигна уште повисоко годишно ниво – 3,3 отсто.

Јакнењето на инфлацијата, пишува Хина, покажува дека американската централна банка нема многу простор за натамошно олабавување на монетарната политика.

Дополнително, многу е неизвесно каков став ќе заземе ФЕД во следните месеци, со оглед на тоа што американскиот претседател Доналд Трамп се заканува со тарифи, а доколку навистина почне да ги спроведува пошироко, тоа дополнително ќе ја поттикне инфлацијата.