Инфлацијата во Србија 4,1%: Транспортот и храната ги повлекоа септемвриските цени

Инфлацијата во Србија на годишно ниво во септември годинава изнесуваше 4,1 процент, а месечната инфлација 0,2 проценти, објави Републичкиот завод за статистика.

Цените на производите и услугите за лична потрошувачка, кои се користат за мерење на инфлацијата, се зголемија во просек за 3,3 проценти во септември во споредба со декември 2025 година.

Набљудувано според главните групи на производи и услуги класифицирани според намената на потрошувачката, во септември, во споредба со претходниот месец, раст на цените е забележан во групите транспорт (1,2 проценти), храна и безалкохолни пијалоци (0,6 проценти), ресторани и хотели (0,5 проценти), во групите домување, вода, електрична енергија, гас и други горива и мебел, опрема за домаќинството и тековно одржување на станови (за 0,4 проценти поединечно).

Растот на цените е забележан и во групите здравство (0,2 проценти), алкохолни пијалоци и тутун и образование и комуникации (за 0,1 процент поединечно).

Пад на цените е забележан во групите рекреација, спорт и култура (5,6 отсто) и облека и обувки (0,1 отсто).