Инфлацијата во Србија до крајот на годината ќе достигне 12%

24

Изјавата на Гувернерот на Народната Банка на Србија Јоргованка Табаковиќ дека до крајот на 2012 година инфлацијата во Србија ќе биде двоцифрена е уште еден шок за граѓаните на Србија.

“Врвот на инфлацијата ќе биде постигнат во првото тромесечие на идната година, по што постепено би требало да се намалува и да стигне до посакуваните стапки. Моќните монополски структури наметнуваат долги рокови на плаќање и ја предупредувам владата што побрзо да ги усвои најавени измени на законите за монополи”, истакнува Табаковиќ.

Како причина за огромната стапка на инфлација Табаковиќ го истакнува кредитирањето помеѓу компаниите со неплаќање на обврските како и финансиската недисциплина на која не може да влијае ни Народната Банка на Србија. Кога прометот помеѓу компаниите се врши без плаќања се намалува влијанието на монетарната политика, затоа Табаковиќ предлага законски мерки со кои би се ограничил периодот на плаќања.