Годишната инфлација во Србија во ноември годинава изнесува 15,1 отсто, а месечната инфлација еден отсто, објави денеска Републичкиот завод за статистика.
Во ноември, во однос на декември 2021 година, потрошувачките цени, кои ја мерат инфлацијата, се зголемени во просек за 14,6 отсто.
Во однос на претходниот месец цените на рестораните и хотелските услуги (1,7 отсто), облеката и обувките (1,3 отсто), храната и безалкохолните пијалоци (1,2 отсто), домувањето, водата, струјата, гасот и другите горива, транспортот и опремата за станот и тековно одржување (по еден процент), известија од РЗС.
Поскапување следеше и во групите Алкохолни пијалаци и тутун, рекреација и култура, здравје и образование (по 0,5 отсто) и комуникации (0,1 отсто). Гледано на годишно ниво, најмногу поскапеле храната и безалкохолните пијалоци (22,5 отсто), а најмалку услугите (8,2 отсто).











