Инфлацијата во Србија во јули 4,9 проценти

Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во јули во споредба со јуни се зголемија во просек за 0,6 проценти, а во споредба со јули минатата година за 4,9 проценти, објави денес Републичкиот завод за статистика  на Србија.

Во споредба со декември 2024 година, цените во јули се зголемија во просек за 3,3 проценти.

Гледано по главните групи на производи и услуги класифицирани според намената на потрошувачката, во јули, во споредба со јуни, раст на цените е забележан кај рекреација и култура за 3,3 проценти, транспорт за 1,1 процент, во групите храна и безалкохолни пијалоци и здравје, за по 0,6 проценти, кај опрема за стан и тековно одржување за 0,5 проценти и во групата ресторани и хотели за 0,3 проценти.