Инфлацијата во Србија во јуни на годишно ниво изнесуваше 4,6 проценти

Инфлацијата во Србија на годишно ниво во јуни годинава изнесуваше 4,6 проценти, а месечната инфлација 0,9 проценти, објави денес Републичкиот завод за статистика.

Цените на производите и услугите за лична потрошувачка, кои ја мерат инфлацијата, во јуни во споредба со декември 2024 година се зголемија во просек за 2,6 проценти.

Гледано по главните групи на производи и услуги класифицирани според намената на потрошувачката, во јуни, во споредба со претходниот месец, раст на цените е забележан во групите рекреација и култура (2,2 проценти), храна и безалкохолни пијалоци (1,7 проценти), транспорт (0,9 проценти), здравје и ресторани и хотели (за по 0,6 проценти).

Растот на цените е забележан и во групите домување, вода, електрична енергија, гас и други горива и облека и обувки (за по 0,3 проценти) и опрема за стан и тековно одржување (0,1 процент).

Алкохолните пијалоци и тутунот поевтинија (0,1 процент).