Инфлацијата во Црна Гора собори уште еден рекорд во јули

74

Потрошувачките цени во Црна Гора се зголемени во јули за 14,9 отсто на годишно ниво, покажуваат новите прелиминарни податоци на Управата за статистика, Монстат.

Тоа е и нова рекордна вредност од 2008 година, кога Монстат го објавува индексот на потрошувачките цени како меѓународна мерка за инфлација, како и од воведувањето на еврото во Црна Гора во 2002 година, кога движењето на цените на мало се користеше за пресметување на инфлацијата пренесува порталот bankar.me.

Според новите податоци, од јули минатата година до истиот месец во 2022 година, најдрастично поскапување е забележано кај цврстите горива, за 49,9 отсто, потоа нафтата за 37,6 отсто и зеленчукот за 35,8 отсто.