Инфлацијата во Турција достигна 61%, највисока во последните 20 години

35

Инфлацијата во Турција денеска достигна 61,14 отсто, што е највисока во последните 20 години.

Турскиот институт за статистика соопшти дека цените во земјата се зголемиле за 5,46 отсто во март во споредба со февруари.

Инфлацијата на годишно ниво во февруари изнесува 54,44 отсто.

Најмногу поскапеле во делот на транспортот (99,12 отсто) и храната (70,33 отсто).

Ваквата состојба е последица на економската криза, која беше влошена од пандемијата Ковид-19.

Сега поради војната во Украина поскапеа енергенсите и житариците.