Инфлацијата во Турција достигна рекордни 80,2 отсто

72

Во Турција годишната инфлација во август достигна 80,2 отсто, што е за 0,5 отсто повеќе отколку во јули кога изнесуваше 79,7 отсто, објави  турскиот државен завод за статистика.
Земјата го достигна новото највисоко ниво од 1998 година. На крајот на годината се очекува забавување на растот на цените.

Потрошувачките цени во Турција растат од мај 2021 година, кога инфлацијата достигна 16,6 отсто.

Со оглед на тоа што растот на потрошувачките цени не скокна како во претходните месеци, може да дојде до ублажување на едногодишната инфлаторна криза.