Инфлацијата во Турција „падна“ на 33,5 проценти

Годишната стапка на инфлација во Турција се намали од јунските 35 проценти на 33,5 проценти, со побрзо темпо од очекуваното од аналитичарите кои прогнозираа 34,1 процент, објави денес Турскиот институт за статистика (Туркстат).

Највисоки годишни зголемувања на цените се забележани во секторот за домување со зголемување од дури 62 проценти, цените на прехранбените производи и безалкохолните пијалоци скокнаа за речиси 28 проценти, а цените на транспортот исто така значително се зголемија.

Ова забавување на инфлацијата следеше веднаш откако Централната банка на Турција (TCMB) одлучи на крајот на јули да ја намали референтната каматна стапка за прв пат од март – од 46 на 43 проценти, а гувернерот на банката, Фатих Карахан, веќе ја најави можноста за дополнителни намалувања во наредните месеци, објавува Bloomberg.