Инфлацијата во Турција во мај надмина 73 отсто

24

Инфлацијата во Турција во мај скокна на највисоко ниво од 1998 година, поттикната од растот на цените на храната и енергијата, додека ултра лабавата монетарна политика придонесе за слабеење на националната валута, лирата.

Потрошувачките цени се зголемија за 73,5 отсто на годишно ниво во Турција од 70 отсто во април минатиот месец, објави денеска државната агенција за статистика.

Најголеми двигатели на скокот на инфлацијата се цените на храната и енергијата, поради поскапувањето на суровините на светските берзи, што беше предизвикано од влошувањето на ситуацијата со понудата и рускиот напад на Украина.