Инфлацијата во ЕУ забрза на крајот од 2023-та

28

Годишната стапка на инфлација во еврозоната се искачи на 2,9 отсто во декември од ноемвриските 2,4 отсто, во согласност со претходната проценка, потврди  Евростат.

Во декември цените на енергенсите паднаа за 6,7 отсто на годишно ниво, со побавно темпо од ноември, кога беше забележан пад од 11,5 отсто, додека инфлацијата во услужниот сектор стагнира на четири отсто.

Храната, алкохолот и тутунот поскапеле за 6,1 отсто, а индустриските производи за 2,5 отсто на годишно ниво, објавено е на веб-страницата на Евростат.