Инфлацијата во ЕУ значително забави на почетокот на годината

Инфлацијата во Европската унија значително забави на почетокот на годината, објави во четвртокот Евростат, потврдувајќи ја проценката за благо забавување на растот на потрошувачките цени во еврозоната.
На ниво на ЕУ, годишната стапка на инфлација, мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), кој овозможува споредба меѓу земјите-членки, во јануари е намалена на 3,1 отсто, од 3,4 отсто во претходниот месец и со тоа се изедначи со нивото од ноември.

На месечна основа, цените се лизнаа за 0,2 отсто, откако во декември беа зголемени за 0,1 отсто, покажуваат табелите на Европскиот завод за статистика.

Во јануари, годишната стапка на инфлација мерена со ХИЦП изнесуваше 2,8 отсто во еврозоната, согласно проценката на Евростат објавена на почетокот на февруари. Во декември таа изнесуваше 2,9 отсто.

На почетокот на годината енергенсите најмногу паднаа во еврозоната, за 6,1 отсто во однос на истиот период лани, поблаг од декември.