Инфлацијата во еврозоната падна на помалку од седум проценти во март

59

Инфлацијата во еврозоната во март падна на 6,9 отсто, што претставува значителен пад во однос на февруарската инфлација од 8,5 отсто, покажува анализата на Евростат.

Во март е забележан пад на инфлацијата во цела ЕУ поради падот на цените на енергијата, се наведува во извештајот.

Забележан е и раст на индустриското производство во ЕУ, а стапката на невработеност во февруари изнесуваше шест отсто, што е благ пад во однос на јануарските 6,1 отсто.