
Годишната инфлација се намали на 4,3 отсто во еврозоната во септември, што е под пазарните очекувања, покажуваат мометалните податоци на Евростат, пренесува Анадолу.
Стапката беше 5,2 отсто во август и 9,9 отсто во септември 2022 година, покажаа податоците на статистичкиот институт на блокот.
Во септември, храната, алкохолот и тутунот забележаа најголем пораст на цените со 8,8 отсто, што е намалување од 9,7 отсто во август.
Инфлацијата на услугите се намали од 5,5 на 4,7 отсто, а индустриските стоки од неенергетскиот сектор од 4,7 на 4,2 отсто.
Во меѓувреме, цената на енергентите се намали за 4,7 отсто во септември, а исто така падна за 3,3% во август.
Меѓу земјите од еврозоната, Словачка забележа највисока стапка на инфлација со 8,9 отсто во месецот, додека најниска стапка е забележана во Холандија, минус 0,3 отсто.
Холандија беше единствена земја каде што паднаа потрошувачките цени.