Инфлацијата во февруари во еврозоната е повисока од очекуваното

18

Годишната инфлација во еврозоната во февруари изнесуваше 2,6 отсто, објави Евростат во својата прелиминарна проценка во петокот. Иако инфлацијата забави од 2,8 отсто во јануари, прогнозите на аналитичарите за инфлација од 2,5 отсто не се остварија.

Според главните компоненти на инфлацијата во еврозоната, храната, алкохолот и тутунот се очекува да имаат највисока годишна стапка на раст во февруари, четири отсто по 5,6 отсто во јануари. Прелиминарната проценка на Евростат покажува дека потрошувачките цени растат со најбавно темпо во последните три месеци, но и понатаму се над целната стапка на инфлација од два отсто.

Неенергетските индустриски добра забележаа стапка на раст од 1,6 отсто по два отсто во јануари, додека енергијата падна за 3,7 отсто, во споредба со 6,1 отсто во јануари. Растот на цените на услугите е благо намален од четири на 3,9 отсто.

Основната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на храната и енергијата, исто така падна на 3,1 отсто, што е најниско од март 2022 година, но сепак над прогнозата од 2,9 отсто.