Инфлацијата во Франција во март 5,6 отсто

Годишната стапка на инфлација во Франција во март падна на 5,6 отсто, поради падот на цените на енергијата.

Статистиката покажува дека инфлацијата на годишна основа во Франција забавила и паднала од 6,3 отсто во февруари на 5,6 отсто во март, главно поради пониските цени на енергијата и покрај повисоките цени на храната и тутунот, објави националната статистичка агенција INSEE, пренесува Ројтерс.

Индексот на потрошувачките цени на месечно ниво е зголемен за 0,8 отсто во март, по растот од 1,0 отсто во февруари.

Германската инфлација исто така се намали во март поради пониските цени на енергијата, но таа сепак беше повисока од планираното, што врши дополнителен притисок врз Европската централна банка да ја заостри својата монетарна политика, наведува Ројтерс.