Инфлацијата во Германија е најниска во последните речиси три години

16

Стапката на инфлација на годишно ниво од 2,5 отсто во Германија е најниска во последните речиси три години, објави во вторникот Федералниот завод за статистика. Институтот сега само ја потврди прелиминарната проценка.
Инфлацијата последен пат беше послаба во јуни 2021 година и изнесуваше 2,4 отсто. Во јануари инфлацијата и натаму беше 2,9 отсто, а во декември 3,7 отсто.

„Енергијата станува поевтина, а темпото на поскапување на храната се забавува и сега за прв пат по повеќе од две години беше под општиот просек на зголемување на цените“, рече претседателката на институтот, Рут Бренд.

Енергијата поевтинува втор месец по ред, во просек за 2,9 отсто

Од февруари 2023 година, малопродажните цени на храната се зголемија за 0,9 отсто, по годишната стапка од 3,8 отсто во јануари.

Стапката на инфлација од јануари до февруари изнесува 0,4 отсто, исто така во согласност со прогнозите.