Инфлацијата во Германија падна на 3,8 отсто

21

Годишната стапка на инфлација, мерена преку индексот на потрошувачките цени, во Германија падна на 3,8 отсто во октомври.

Во претходниот месец годишната инфлација беше 4,5 отсто. Ова е најниско ниво на инфлација во Германија во последните две години, а инфлацијата на цените на храната (6,1 отсто) падна на најниско ниво од февруари 2022 година.

Цените на енергенсите се намалени за 3,2 отсто на годишна основа. Истовремено, инфлацијата на цените на услугите изнесува 3,9 отсто, останувајќи на слично ниво како и претходниот месец. Цените на киријата се зголемени за два отсто.

Кога од вкупната инфлација ќе се исклучат цените на храната и енергијата, се добива базната инфлација. Во Германија во октомври беше 4,3 отсто, што е пониско од септемвриските 4,3 отсто.

Иако ова е најниското ниво од август 2022 година, и вкупната и основната инфлација сè уште се далеку над целта за инфлација од два проценти на ЕЦБ.

Месечната инфлација во октомври во однос на септември е нула.