Нафтата Брент се тргува над 100 долари за барел

Цените на нафтата вчера паднаа за околу шест проценти, по зголемените надежи за постигнување мировен договор меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.

Утрово цената на нафтата малку порасна па Брент се тргува за 101,7  долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) на околу 95,49 долари за барел, според податоците на OilPrice.
Техеран соопшти дека разгледува предлог поддржан од САД за прекин на двомесечниот конфликт, а одговор се очекува во рок од неколку дена преку пакистански посредници откако ќе биде донесена одлуката.

Околу 23.000 морнари остануваат заглавени во Персискиот Залив.

И покрај ублажувањето на тензиите, прекините во снабдувањето и високите трошоци за енергија продолжуваат да ја оптоваруваат глобалната побарувачка, а нормализацијата на поморскиот сообраќај веројатно ќе трае со недели.