Инфлацијата во Германија во јануари 2,9 отсто

24

Годишната стапка на инфлација во Германија во јануари изнесуваше 2,9 отсто, што е најниско ниво од јуни 2021 година, објави во петокот Федералниот завод за статистика Дестатис.

Стапката на инфлација беше 3,7 отсто во декември 2023 година и 3,2 отсто во ноември, се вели во соопштението, пренесува Anadolu Agency.

Последен пат стапката на инфлација беше пониска од јануари 2024 година во јуни 2021 година (2,4 отсто)“, се наведува во соопштението.

„Ситуацијата со цените на енергенсите видно се олеснува, а растот на цените на храната дополнително забавува. Сепак, таа е  повисока од вкупната инфлација“, рече Рут Бренд, претседател на Дестатис.

На месечно ниво, стапката на инфлација во јануари изнесува 0,2 отсто.