Инфлацијата во Германија забрза во јуни

Инфлацијата во Германија забрза во јуни, покажаа прелиминарните проценки на Destatis во четвртокот, одразувајќи посилен раст на цените на услугите и малку повисоки цени на енергијата, со континуирано силно зголемување на цените на храната.
Потрошувачките цени во најголемата европска економија се зголемија минатиот месец за 6,4 отсто во споредба со истиот период минатата година, покажуваат прелиминарните проценки на заводот за статистика, кој ќе ги објави конечните податоци на 11 јули.

Така, тие се забрзаа на годишна основа, бидејќи во мај инфлацијата изнесуваше 6,1 отсто, покажуваат табелите на Дестатис.

На месечна основа, цените се зголемија за 0,3 отсто, според прелиминарните и моментално достапни податоци, откако во мај се лизнаа за 0,1 отсто.

Статистичарите проценуваат дека базичната инфлација, која ги исклучува цените на енергијата и храната, забрза на 5,8 отсто, од мајските 5,4 отсто, враќајќи се на нивоата од април и март.