Инфлацијата во Грција падна на 3 отсто

Годишната стапка на инфлација во Грција во ноември падна на три отсто од октомвриските 3,4 отсто, објави грчкиот завод за статистика.

Според податоците од грчката служба за статистика, за една година, од ноември 2022 до ноември 2023 година намалување има кај цената на природниот гас за 53,2 отсто, додека сите други производи и услуги се поскапени.

Цените на прехранбените продукти за една година се зголемиле за 9 проценти.

Најголемо зголемување има кај маслата и мастите (за 31,4 отсто), овошјето за 12 отсто, зеленчукот за 10,8 отсто и месото за 8,1 отсто.

Инфлацијата во Грција во јануари годинава беше 7 проценти, и од тогаш е во опаѓање, за во ноември да стигне до 3 отсто.