Инфлацијата во САД продолжи да паѓа

57

Цените на производите за широка потрошувачка, мерени со индексот CPI, се зголемија за 2,9 отсто во САД во јули на годишна основа. Ова е најмалото поскапување од март 2021 година, покажуваат податоците на Министерството за труд.

Стапката на инфлација исто така беше малку пониска од прогнозите на аналитичарите, пренесува француската новинска агенција АФП.

На месечно ниво, инфлацијата во јули, по јунскиот пад, изнесува 0,2 отсто, што е во согласност со очекувањата, пренесува AFP.

Речиси 90 отсто од месечниот раст може да се припише на повисоките трошоци за сместување (+0,4 отсто). Цените на енергенсите останаа непроменети, а храната порасна за 0,2 отсто.

Базичната инфлација без цените на енергијата и храната беше 3,2 отсто, што е најниска стапка од април 2021 година.

Најновите податоци ќе бидат охрабрувачки вести за Федералните резерви (ФЕД) бидејќи одлучија да започнат со намалување на каматните стапки од највисокото ниво во последните 23 години. ФЕД се обидува да ја намали инфлацијата до целта од два отсто, а притоа не сака да и наштети на економијата и да предизвика поголема невработеност.

Шефот на ФЕД Џером Пауел последен пат изјави во јули дека каматните стапки може да се намалат во септември доколку економските податоци ги исполнат очекувањата