Инфлацијата во Словенија забави на 3,3 отсто

Инфлацијата во Словенија забавува, на годишно ниво изнесуваше 3,3 отсто, а на месечно ниво – најмногу поради продажба на облека и обувки – е забележана дефлација од 0,6 отсто, објави Заводот за статистика.
Годишната инфлација во јануари е значително пониска од претходната година кога изнесуваше 10,0 отсто. Тоа е значително пониско и од минатогодишната просечна инфлација која изнесуваше 7,4 отсто.

Во текот на годината услугите поскапеле во просек за 4,6 отсто, а стоките за 2,7 отсто. Цените на производите за дневна потрошувачка и на полутрајните производи се зголемени за 3,9 отсто, односно 2,1 отсто, а на трајните производи се пониски за 1,3 отсто.

Најголем придонес за годишната инфлација има порастот на цените на храната и безалкохолните пијалаци (за 3,2 отсто), за 0,6 процентни поени. Со учинок од по 0,5 процентни поени, поскапувања следеа во групите Домување, вода, струја, гас и други горива (за 3,6 отсто) и здравство (за 9,4 отсто).