Инфодемијата може да ја загрози вакцината против Ковид-19

34

Уште на почетокот од пандемијата, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на таканаречена инфодемија, односно поплава од дезинформации и лажни вести на социјалните мрежи.

Сега експертите предупредуваат дека истата таа појава би можела да го загрози процесот на вакцинирање, што би требало да го намали ширењето на Ковид-19.

“Коронавирусот е прва пандемија во историјата во којашто технологијата и социјалните мрежи се користат за да можат луѓето да бидат сигурни, информирани, продуктивни и поврзани. Во исто време, технологијата на којашто се потпираме овозможува инфодемија што го поткопува глобалниот одговор и ги загрозува мерките за контрола на пандемијата“, предупредуваат од СЗО.

Над 1,45 милиони луѓе ширум светот починаа од почетокот на пандемијата во Кина минатата година и три производители на вакцини веќе поднесоа барање за одобрување на вакцините за да почне да се користат веќе во јануари.

Освен со проблемите за организирање на масовната вакцинација, владите мора да водат сметка и за сомнежите за вакцините развиени со толку голема брзина, кога социјалните мрежи се оружје и за информирање, но и за ширење дезинформации.

Фото: Freepik