Inirv React – уред со којшто шпоретот се контролира преку мобилен телефон

26

inirv

Inirv React претставува уред којшто на корисникот му овозможува да го контролира шпоретот преку апликација за мобилни телефони. На тој начин корисникот ќе се заштити себе, своите блиски и домот од пожар.

Комбинацијата од сензори и електроника овозможува не само да се открие високо ниво на чад, туку регистрира доколку некој извесно време не е пред шпоретот.

Преку мобилната апликација, корисникот може да ја следи работата на шпоретот, како и да ја регулира температурата на она што го вари или пржи.

Сензорот на Inirv React може да се постави на постоечки детектор на чад во домот, додека на или над копчињата за регулирање на температурата се поставуваат се поставуваат “паметните“ копчиња. Овие копчиња можат сами да се исклучат, доколку детекторот забележи повисока концентрација на чад или нема движење покрај шпоретот во одреден временски период.

Апликацијата му помага на корисникот да провери и дали го исклучил шпоретот доколку е излезен.

Американскиот старт – ап го претстави својот изум на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter, од каде што бара финансиска поддршка од 40.000 долари. На 26 дена до крајот на кампањата Inirv React собра над 95.300 долари.