Иновативен подземен паркинг за велосипеди во Токио

55

Eco-cycle-tokyo

Користењето на велосипедот како превозно средство има голем број предности – лесно и брзо пристигнување до посакуваната цел, поголема физичка активност и помало загадување. Но, голем е бројот на велосипедисти кои имаат вистински проблеми околу тоа каде да го паркираат својот велосипед. На оваа тема размислувала јапонската компанија Giken Seisakusho Co LTD, која го претстави Eco cycle anti – seismic underground bicycle park.

index01Станува збор за своевидна подземна гаража за велосипеди, што може да собере дури 144 велосипеди, а се простира на површина од само седум метри квадратни.

Под површината има длабока цевка, која со помош на автоматизиран роботски систем, ги чува велосипедите на безбедно. Велосипедистот, при користење на овој систем, добива кодирана картичка што ја памети точната локација на велосипедот и по завршување на паркирањето, го извлекува велосипедот на површина.

Компанијата веќе работи на подобрување на системот, чиј капацитет се очекува да достигне и до 800 велосипеди. Ова значително ќе ги поттикне луѓето да ги остават своите автомобили, да бидат повеќе свесни за загадувањето и за сопственото здравје.