Иновативни и еколошки: Гуми на Bridgestone со рециклирана пластика

72

Производителот на гуми, Bridgestone развива прототип на автомобилски и други видови на гуми, коишто ќе имаат поразличен дизајн од досегашниот.

Па така, тие работат на развој на гуми кои наместо да бидат исполнети со воздух, во нивната внатрешност ќе биде исполнета со рециклирана пластика.

Јапонскиот производител планира да ги пушти во комерцијална употреба овие гуми за време на Олимписките игри во Токио. Таму ќе пристигне флота од велосипеди, коишто ќе бидат опремени со овие револуционерни гуми.

Внатрешноста на секоја гума ќе биде исполнета со мрежа изработена од рециклирана термо пластика. Меѓу поважните карактеристики на овие гуми се тоа што се поотпорни на бушење и можат да издржат товар од по околу 2,5 тони.

Фото: Pexels