Иновативно решение: Кози наместо бучни косилки за трева

45

Goats-madison-gate-06Конгресните гробишта во Вашингтон од неодамна “вработија” навистина вредни работници кои многу добро си ја извршуваат својата работа – отстранување на вишокот трева и плевел од земјиштето, пишува USA Today.

Станува збор за стадо од 30 – тина изнајмени кози кои со задоволство се насладуваат со отровен бршлен, паднати остатоци и обраснати лози во ова национално историско место.

graves

Двестегодишните гробишта се почивалиште на многу познати луѓе, икони од минатото на САД. Конгресните гробишта се наоѓаат до реката Анакостиа и токму затоа вработените сакаа да изнајдат еколошко решение со цел да не се фрлаат пестициди и останати отрови во неа. Според нив козите се совршено решение за овој проблем. Тие ја чистат почвата од непотребните растенија и ја ѓубрат на природен начин. Тие не произведуваат штетни карбохидрати и не прават врева како нивните бучни механички “колеги”.

Ова не е прв пат да се изнајмуваат кози за слични намени во САД. Кампуси на Google, големите универзитети, комунални претпријатија и одредени аеродроми веќе ги користат овие вредни работници.