Иновативно решение на шкотска дестилерија – отпад од виски како гориво за камиони

35

Иако вискито е нешто што не треба да се поврзува со возење, сепак една компанија го користи на паметен начин. Шкотскиот производител на виски Glenfiddich користи отпадни продукти од процесот на дестилација на виски како гориво за својата камионска флота.

Glenfiddich продава повеќе од 14 милиони шишиња виски годишно и со цел да ги намали емисиите на јаглерод, започна да ги префрла камионите за испорака од конвенционални горива на биогас со ниска емисија, што компанијата го произведува од отпад од сопствениот процес на дестилација на виски.

Glenfiddich соопшти дека тие инсталирале пумпи за биогас во нивната дестилерија во Дафтаун, на североисток од Шкотска, кои се специјално дизајнирани да ги претворат отпадните производи од процесот на правење виски во гориво ULCF (ултра-ниско карбонско гориво).

Дестилеријата тврди дека биогасот ги намалува емисиите на СО2 во своите камиони за повеќе од 95%, а другите штетни честички и емисиите на стакленички гасови се намалени за 99% во споредба со возилата за испорака кои користат дизел како гориво.

Фото: Facebook