Иноватор од БиХ дизајнира косилка што сече и помали трупци

28

treva

Пензионерот Хасиб Велиќ од Бихаќ скоро пет децении се занимава со иноваторство, а некои негови дизајни се вистинско чудо на техничката генијалност, пишува Независне новине.

Еден од неговите изуми е косилка со силен мотор, која е способна да сече и густа вегетација и помали трупци. За оваа косилка се заинтересирале од Националниот парк Плитвице од Хрватска и веќе ја користат за чистење и средување на зелените површини.

“Косилката ја движат мотори од стари компјутери, а се состои од посебни калорифери коишто можат да сечат гранки, па дури и мали трупци”, објаснува Велиќ.

Еден од неговите изуми што привлекуваат внимание е и необичната клизна врата што се подига и се спушта вертикално во земјата, а потокот што минува на неговиот имот го искористил за изградба на воденица која произведува електрична енергија и меле жито.

Велиќ работел како сервисер во загрепски Раде Кончар. Тој своите патенти не ги крие и на заинтересираните им објаснува на кој начин функционираат. Вели дека не му е намерата да ги држи во тајност или да тргува со нив, затоа што во тој случај би бил бизнисмен, а не пронаоѓач.