Инспекција во Германија: Таксисти, фризери и угостители најчесто работеле „на црно“

Во Германија илјадници работодавачи го прекршиле законот за минимална плата во 2025 година.

Ова го објави единицата за финансиска контрола на непријавената работа по инспекцијата на околу 25.000 работодавци, кога беше утврдено дека речиси секој четврти работодавец не ги регистрирал своите работници.

Инспекцијата откри дека прекршувањата на законот за минимална плата се особено чести во угостителската индустрија, објави „Шпигел“.

Единицата за финансиска контрола за непријавена работа изврши инспекции кај работодавците 25.765 пати низ цела Германија во 2025 година и отвори постапки во 6.121 случаи за сомневање за прекршување на законот за минимална плата.

Се нагласува дека се покренати повеќе од 500 постапки против превозни компании, градежни компании и фризерски и козметички салони.

Покренати се и постапки против работодавци во областа на такси превозот, продавниците за алкохол и безбедносните услуги.

Месечната бруто минимална плата во Германија за вработен со полно работно време изнесуваше 2.161 евра минатата година.