Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска денес одржа редовна координација со Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска, со директорите на неколку инспекторати, синдикални организации, како и претставници на граѓанските организации Гласен текстилец, Хелсиншки комитет, ХЕРА, Платформата за борба против сиромаштија, Мрежата против насилство врз жените и УНДП.
На состанокот преку апликацијата Zoom се дискутираше за спроведувањето на мерките и препораките на Владата во делот на заштита на работничките права, инспекциските надзори, почитувањето на протоколите од страна на работниците и компаниите и можностите за користење на државна помош во случај на губење на работа.
При тоа беше констатирано дека Државниот трудов инспекторат има интензивна соработка со синдикатите и со граѓанските организации коишто работат на заштита на работничките права и постапува веднаш по поднесувањето на претставките. Состанокот беше искористен граѓанските организации да дадат свои предлози и сугестии коишто ќе помогнат во носењето на нови мерки за полесно справување со здравствено и социоекономската криза предизвикана од Ковид-19.
Вицепремиерката Царовска истакна дека Владата вложува максимални напори да направи баланс во заштитата на работниците и компаниите, односно никој да не е губитник во оваа криза.