Инспиративни мисли на Џеки Кенеди

463

Жаклин Кенеди Оназис е позната како сопруга на 35-от американски претседател Џон Ф.Кенеди, а на местото прва дама на САД беше од 20 јануари 1961 година до 22 ноември 1963 година. Била потомок на богата американска фамилија со француско потекло, а во младоста се истакна како новинарка и уредничка на Washington Times Herald.

Стил и елеганција

Таа е една од најголемите модни икони на своето време, а нејзиниот стил и елеганција останаа запаметени до ден денес. Беше миленичка на американската јавност и моден пример на многу дами во целиот свет. Непогрешливите комбинации кои ги носела за време на претседателскиот мандат на нејзиниот сопруг го копираа многу жени.
Ќе остане запаметена по бројните изјави кои и денес се читаат и во нив пронаоѓаат инспирација, а ова се некои од нив:

“Еден човек може да направи разлика и секој човек би требало да се обиде“

“Прво ќе бидам сопруга и мајка, а потоа прва дама“

“Преживеав многу, но имав и многу среќни моменти. Добро, лошо, радост, трагедија, љубов, и среќа се испреплетени во една неопишлива целина која се вика живот. Не можете да го одвоите доброто од лошото. А можеби и нема потреба за тоа“.

“Сите би требало да направиме нешто за да ги исправиме неправдите кои ги гледаме, а не само да се жалиме од нив“.

“Ако сакате работите да бидат исправни, морате да ги направите сами“.

“Првиот пат се венчате од љубов, вториот поради пари, а третиот поради партнерство“.

“Голема цел во животот е единственото богатство кое е вредно да го барате“.

Фото: Youtube