Инспиративни мисли на Коби Брајант

280

Коби Брајант беше едно од девет лица загинати во хеликоптерска несреќа во неделата. Тој имаше 41 година. Во несреќата загина и неговата 13-годишна ќерка Џана.

Брајант беше легенда на Лос Анџелес Лејкерс и целиот свој живот како играч им го посвети на “езерџиите“. “Црната Мамба“ имаше пет НБА-титули, а двапати беше МВП на финалињата.

Во продолжение прочитајте негови инспиративни пораки:

Најважно е да се обидете да ги инспирирате луѓето за да можат да бидат одлични во сè што сакаат

Јас се фокусирам на една работа и само на една работа – така се обидувам да освојам што поголем број на првенства

Играм против одлични играчи, играм против најдобрите во светот. Конкуренцијата – тоа е она што секогаш го сакав

Не можам да се поврзам со мрзливи луѓе. Ние не зборуваме на ист јазик. Не те разбирам. Не сакам да те разберам

Сè што е негативно – притисок, предизвици – е можност за мене да се издигнам

Ако се плашите да не успеете, тогаш веројатно нема да успеете

Најважната работа е да им покажете на другите дека сте тука и дека сте вистински

Тоа е единствената работа што може да ја контролирате. Вие сте одговорни за тоа како луѓето ќе ве паметат – или не.

Фото: Facebook