Instagram ги претвора сите видеа пократки од 15 минути во Reels

87

Претходно во јули, компанијата Instagram започна со тестирање на нова функционалност која го претвора секое видео објавено од корисникот во клип Reels што се прикажува на цел екран.

Компанијата објави дека ова добило добар одзив, па во иднина секој видео клип кој е пократок од 15 минути автоматски ќе биде претставен како Instagram Reels.

Секој видео клип што ги исполнува критериумите за да стане Reels ќе стане достапен не само за вашите следбеници, туку и за сите корисници на оваа социјална мрежа ширум светот. Во зависност од содржината на вашиот видео клип, алгоритмот што ја контролира промоцијата на видео содржината преку Reels ќе им ја препорача содржината што сте ја создале на корисниците на Instagram ширум светот.

Сепак, треба да се нагласи дека ова се однесува само на оние сметки кои се јавни. Ако вашата сметка на Instagram е приватна, вашите видеа нема автоматски да се конвертираат во Reels и ќе останат достапни само за вашите следбеници.
Дополнително, Instagram нема автоматски да ги конвертира вашите стари видеа во Reels дури и ако вашиот профил е јавен.

Досега видеата автоматски стануваа Reels доколку беа пократки од 90 секунди, па ова е огромна промена во функционирањето на оваа социјална мрежа.

Секако, сето ова е инспирирано од она што го прави TikTok, а злите јазици би рекле дека ова е очајнички потег на Instagram да ги следи трендовите поставени од кинескиот гигант.

Покрај тоа што ќе ги претвори сите видеа пократки од 15 минути во Reels за јавни профили на Instagram, оваа социјална мрежа ќе го подобри процесот на снимање видеа со неколку нови функционалности:

Duals ја носи можноста за истовремено снимање со помош на предната и задната камера.

Templates ви овозможуваат да снимате сопствено видео на Reels користејќи го истиот формат присутен во видеото на друг корисник што штотуку сте го гледале.