Instagram овозможува корисниците да ги (ис)пробаат производите пред да ги купат

41

Корисниците на Instagram отсега ќе можат виртуелно да ги (ис)пробуваат производите пред да ги купат. Станува збор за Spark AR платформата на Facebook, преку којашто со помош на зголемена реалност корисниците ќе можат да видат дали производот им прилега и потоа да го купат директно преку Instagram.

На овој начин ќе може да се проверува козметика од MAC, NARS, како и разни производи од Ray-Ban и Warby Parker, пишува Engadget.

Алатката дозволува експериментирање со различни бои и модели. На пример, за да се види како различните бои на карминот изгледаат се одбираат различни нијанси на долниот дел на самиот интерфејс.

Штом корисникот ќе се одлучи да купи нешто, истото може да го направи без да ја напушти социјалната мрежа.

Постои можност и да се поканат пријатели да испробаат нешто преку директни пораки или приказни (stories). За да можете да пристапите кон услугата потребно е да ја имате последната верзија на Instagram за iOS или Android.

Фото: Spark AR