Инстаграм тестира нова опција

36

Шефот на Инстаграм Адам Мосери  изјави дека платформата ја тестира долгоочекуваната опција Take a Break за да им обезбеди на корисниците потсетници за тоа колку време поминале на оваа социјална мрежа, пренесува The Verge.

„Ако се одлучите за таа опција, таа ве поттикнува да се одморите од Инстаграм откако ќе поминете некое време во апликацијата; 10, 20 или 30 минути. Опцијата е дел од пошироките напори да се обидат на луѓето да им се даде поголема контрола врз нивното искуство на Инстаграм. На крајот, знаете што е најдобро за вас кога станува збор за тоа како ја користите апликацијата“, рече Мосери во видеото објавено на Твитер.

Тестирањето на Take a Break доаѓа во време на голема дебата за Инстаграм и неговата матична компанија Мета (поранешен Фејсбук), откако свиркачката Френсис Хауген сведочеше пред Конгресот за интерното истражување на компанијата кое покажало дека Инстаграм може да има негативен ефект врз менталното здравје на младите луѓе. Тинејџерите им рекле на истражувачите на компанијата дека се чувствуваат „зависни“ од Инстаграм, но немале самоконтрола да ја намалат употребата, иако би сакале поретко да ја проверуваат апликацијата.