Instagram воведе walkie – talkie функција за своите корисници

2

Фото: Pixabay

Социјалната мрежа Instagram претстави нова функција за испраќање директни пораки меѓу корисниците, пишува Business Insider.

Гласовните пораки (walkie – talkie) корисникот може да ги испрати на своите пријатели, а да бидат во времетраење од една минута. За разлика од Instagram story, тие нема да исчезнат автоматски по извесен период.

Овој потег на Instagram доаѓа откако и другите социјални мрежи, како што се Snapchat и Facebook messenger, претставија гласовни функции.