Instagram воведува претплата

57

Instagram на почетокот на оваа година соопшти дека ќе тестира претплата и набргу после тоа е откриено дека се работи за опција со која корисниците ќе можат да се претплатат на некој профил на оваа платформа и да добијат пристап до ексклузивни објави (Instagram story).

Во последното ажурирање на апликацијата за американскиот пазар е додадена опцијата за плаќање која е наведена како „Instagram претплата“.

Оваа промена ја воочија тимовите кои стојат зад апликацијата и го следат бројот на корисниците, податоците и слично.

На 1 ноември претплатата изнесуваше 4,99 долари, а на 3 ноември додадена е и поевтина опција од 0,99 долари.

Иако не е објавен детален план за претплатата, директорот на Instagram Адам Мосери во јуни говореше за оваа опција. Тој тогаш најави 3 видови на заработка кои го интересираат: продажба, приходи од реклами(огласи) и директни плаќања, како што е оваа претплата.

Instagram не е единствената платформа која експериментира со можни начини за заработка на својата платформа.