Instagram враќа стара опција

146

Минатиот месец Instagram објави дека ќе ја врати опцијата за хронолошко сортирање на вестите и објавите во текот на 2022 година. Сега некои корисници почнаа да ја добиваат оваа опција.

Instagram почна делумно да ја доставува новата функција до корисниците, а тие ќе можат да избираат што ќе се прикажува во нивниот „feed“.

Корисниците ќе имаат три опции, врз основа на кои ќе можат да ги подредуваат вестите, и тоа Home, Favorites и Following.

Опцијата Home е тековното сортирање, базирано на технологијата на вештачка интелигенција. Ова е стандардната опција, која ги прикажува објавите што алгоритмот мисли дека ќе му се допаднат на корисникот.

Опцијата Favorites ги прикажува само објавите на сметката следени од корисникот (означени со ѕвездичка). Ова му овозможува на корисникот да ги филтрира континуираните објави од луѓе кои не му се премногу важни.

Конечно, Following сортирањето овозможува објавите да се прикажуваат хронолошки. Оваа опција ќе вклучува само содржини споделени од следената сметка на корисникот.

Адам Мосери, првиот човек на Instagram, истакнува дека новите функции за сортирање постепено ќе им бидат достапни на корисниците, а се очекува сите да можат да ги користат до средината на оваа година.