ИНСТАТ: Албанија минатата година со зголемен извоз на струја за 34 отсто, увозот се намалува

18

Производството на електрична енергија во Албанија забележа силен раст во текот на изминатата година, трансформирајќи се во нето извозник.

Според Енергетскиот биланс објавен од Институтот за статистика, ИНСТАТ, разликата меѓу извозот и бруто-увозот на енергија, во 2023 година, достигнал позитивна вредност од 920 гигавајт часови(Gwh),  наспроти претходната година кога берзата за електрична енергија имала негативна вредност.

Податоците на ИНСТАТ покажуваат дека минатата година биле произведени  8.796 GWh наспроти  7.003 GWh во 2022 година, што е поголемо  производството за 25,6 отсто.

Главното количество електрична енергија е произведено од јавните хидроцентрали во над 58 отсто,  останатото е во приватни хидроцентрали и фотоволтаици.

Подобрувањето на енергетската состојба во земјава влијаеше на зголемување на извозот на енергија па Албанија продаде околу 34 отсто повеќе енергија во однос на претходната година.

За задоволување на потребите во земјава, албанската електрокорпорација, КЕШ, купила помалку енергија и според официјалните податоци на ИНСТАТ, бруто-увозот на електрична енергија достигна вредност од 1.922 Gwh, што бележи пад од 36,9 осто.

Податоците на ИНСТАТ покажуваат дека не-семејните потрошувачи, кои во овој случај се главно бизниси и институции, имаат намалена потрошувачка на енергија, овој факт е поврзан со поставување на фотоволтаици за самопроизводство на енергија, пренесе МИА.