Интел ги зголемува цените на процесорите

62

Компанијата Интел почна да ги информира своите партнери за зголемувањето на цените на процесорите и другите производи во текот на оваа година поради зголемувањето на трошоците, пишува порталот Никеи Азија.

Според овие информации, Интел ќе ги зголеми цените на сите свои  flagship процесори, но и на поширок спектар на други чипови, вклучувајќи WiFi и други чипови.

Иако цените сè уште не се финализирани, во извештајот се вели дека некои процесори ќе поскапат и до 20 отсто, а причините се инфлацијата, зголемените цени на материјалите, транспортот и работната сила.

Овој пораст на цените доаѓа во време кога се очекува натамошен пад на испораките на хардвер за персонални компјутери, кој во последните два квартали се продаваше сè помалку, па така во вториот квартал од годинава е забележан пад од 13 отсто во однос на истиот период лани, што е најголем квартален пад на светскиот пазар во последните девет години.